Каде тргнал Сашо Мијалков со пиштол, гумени ракавици и пригушувач!? Дали сакаше некого да ликвидира!?

Инсталациите на руските служби во Србија, со интервенција и од Хрватска, го ослободија Сашо Мијалков и беше прекината истрагата по неговото фаќање на белградскиот аеродром. Ова во ексклузивното интервки за емисијата Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави Дарко Труфуноввиќ, експерт и професор по безбедност, поранешен советник на министерот за полиција на РС, советник на министерот за информации и координаторот за сите служби во владата на тогашна СРЈ, како и носител на бројни функции.

“Знаете што имаше Сашо Мијалков во куферот кога беше фатен на белградскиот аеродром. Пиштол, гумени ракавици и пригушувач. Каде тој појде со тоа. Во што тргна? И кој го спасува? Нашата полиција го пресретнува и фаќа на аеродромот. Но доаѓаат наши проруски политичари, во проруски организирани групи и тие го спасуваат. Без разлика што имал имунитет но ти мајсторе си шеф на службата, и со пиштол, гумени ракавици и пригушувач си тргнал на егзекуција!? Тоа е тоа, тогаш имунитетот не ти важи тоа е сериозно кривично дело. Тебе имунитетот те штити до одредена граница, но кога ти носиш такви работи тогаш е тоа друга приказна”, вели Трифуновиќ и прашува:

Што мислите каде тргнал и кого сакаше да го ликвидира во Србија? Јас не знам тоа требаше да се утврди со истрагата, но таа истрага беше прекината.

“Кога вие некаде одите официјално тоа е друга приказна. Немојте мене да ми кажувате, јас сум бил советник на министерот на полицијата во РС, бев советник и на министерот за информации во СРЈ, вие кога одете и кога легитимно носите оружје вие испраќате депеша, таму го наведувате бројот на оружјето, кој се наоѓа во обезбедувањето на шефот на службата”, вели Трифуновиќ во емисијата Во Центар.

“Тоа е таа врска, која оди до Томислав Карамарко, кој беше лидер на ХДЗ и министер на хрватската полиција, таа спрега на руски служби во Хрватска, руски служби во Србија и руски и експоненти на руски служби во Македонија”.

“Не знам како и во контекст се споменува кланот Осмени, но знаете дека балканскиот кокаински нарко картел е врзан за руската служба, од Дарко Шариќ, Шкаљарски и Кавачки клан”, заклучува Трифуновиќ.