Каде ја снема Моника Селеш? Таа беше чудо од дете, незапирлива, се до страшниот инцидент

Легендарната спортистка блескаше и ги запали терените во раните 90-ти. На само 16 години таа го изненади светот кога во 1990 година ја победи Штефи Граф во финалето на Ролан Гарос и ја освои првата од деветте Грен слем титули. Снимаше реклами, фантазираше за актерска кариера и красеше бројни насловни страници на таблоидите, но во еден болен пролетен ден во Хамбург, Гунтер Парке, пореметен фан на Штефи Граф, ја нападна Моника со нож среде тениското игралиште. Таа денес ретко се гледа во јавноста, а се повлече и од социјалните мрежи

„Долго го чував ова за себе, но и нападот со нож остави многу необичен ефект врз мене“, изјави Моника Селеш за People за тоа што и направил лудакот со нож и продолжила:

„Со сите стравови и фобии, повеќе не можев да го контролирам апетитот. Тоа траеше со години. Се срамев бидејќи не можев да прифатам дека немам нешто под контрола, но едноставно не можев да се спречам да јадам. Би јадела огромни количини за кратко време, а потоа, очигледно, тоа лошо се одрази на мојата физичка состојба по враќањето на терените“, откри ѕвездата која живее на Флорида.

Откако се опорави од нападот, таа се врати на терените во 1995 година, а потоа доживеа уште еден тежок удар. Нејзиниот татко Карол, кој и беше најголем поддржувач, почина по борбата со ракот.

Кариерата ја заврши со девет Гренд Слем и 53 освоени турнири, но по овој инцидент не успеа да се врати на врвот на ВТА-листата. Во автобиографската книга таа откри неколку неверојатни, шокантни, но и многу корисни детали за многу луѓе. Таа се пензионираше пред нејзиниот 30-ти роденден. Таа го повреди стапалото во пролетта 2003 година и се врати на Ролан Гарос недоволно закрепната и загуби од Надја Петрова, што и беше прв пораз во кариерата во првото коло на Грен слем. После тоа никогаш не одиграла официјален натпревар.

Денеска тивко ја минува својата тениска пензија и ретко се појавува на некој настан. Последен пат беше во март, кога пристигна на настанот Citi Taste of Tennis во Мајами. Речиси една година е неактивна на социјалните мрежи (таму најчесто објавуваше стари фотографии и спомени и некои актуелни објави). Љубовта ја пронашла во 32-годишниот милијардер Том Голисан со кој во меѓувреме се омажила и долги години работи на подигање на свеста за нарушувањата во исхраната. На последните фотографии се гледа дека е во чекор со својата физичка кондиција.