Кадиров тврди: „Сакаат да ме убијат и да се ослободат од мене. Имам информации, планираат напад“ (фото)

Украинските и западните служби го планираат моето убиство, изјави лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров за телевизијата „Русија 1“.

– Прават сè за да се ослободат од мене. Имам информации дека европските специјални служби подготвуваат терористички напад врз мене преку украинските специјални служби – изјави Кадиров.

Тој додаде дека е убеден оти оние што планираат да го убијат сепак ќе загубат.

– И да ме убијат, Русија пак ќе победи. Ние ќе победиме. И ако умреме, сепак победуваме! Ако останеме живи, ќе победиме 100 проценти. Сè на сè нема да биде како што сакаат! – истакна чеченскиот лидер.

Тој ги коментираше и зборовите на шефот на украинската разузнавачка служба, Кирил Буданов, кој изјави дека украинските специјални служби убиле и ќе продолжат да убиваат Руси каде и да се во светот до целосна победа.

Кадиров смета дека за Буданов нема иднина.

За време на руската специјална операција, украинските специјални служби организираа неколку напади врз познати Руси.