Казнети 115 возачи во Скопје

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 115 мерки во рамки на контролите во областа на сообраќајот. Од нив оусм санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење…

Како што соопшти МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.