Каква промена на Наташа Беквалац: Луѓето си ги тријат очите додека гледаат, во вакво издание не сме ја виделе

Таа позираше пред камерата и ја покажа својата трансформација

Барбиката од Нови Сад, пејачката Наташа Беквалац , реши да направи голема промена во својот изглед.

Не се знае дали е тоа поради потребата од снимање видео или некој нов проект, но нема сомнеж дека ги изненади сите кога објави ново видео на социјалната мрежа Инстаграм.

Ја задржала русата коса (по која е препознатлива), но ги скратила шишките, а можеме да забележиме и дека ставила и сини леќи кои дополнително ја направиле пејачката речиси непрепознатлива.

Ната позираше пред камерата и гордо ги покажа промените, а луѓето ќе си ги тријат очите кога ќе ја видат.

Беквалац со години е на јавната сцена, а ваква не сме ја виделе.