Протест во Сараево: НАТО и ЕУФОР не ги платија хонорарите

Поранешните вработени во мировните сили во БиХ, НАТО и ЕУФОР денеска протестираа пред воената база Бутмир во Сараево, поради неплатени хонорари, придонеси и годишен одмор, кои не им се исплаќаат иако има судски пресуди за голем дел од нив.

Како што пренесува сараевскиот портал „Клик“, на средбата се собрале околу 1.600 поранешни вработени кои своевремено биле ангажирани во НАТО и ЕУФОР.

Протестот започна пред британската амбасада во Сараево, а заврши пред воената база Бутмир.

Тврдат дека 10 години се обидуваат по законски средства да ги остварат своите права и исплатата на надоместоците. Тврдат дека дури 80 отсто од предметите се во постапка.

„Од спротивната страна не сака да започне постапка и да ги плати барањата на сите нас кои работевме за нив, важно е да се нагласи дека од 2018 година неколку стотици пресуди имаат правно обврзувачки статус, но не сакаат да ги спроведат Некои од нашите колеги дури и починаа, а не знаеме колку од нив ќе ја видат правдата“, изјави еден од поранешните мировници, Авдо Салихбеговиќ, пренесе Танјуг.

Освен заостанати придонеси, поранешните вработени бараат и регрес за годишен одмор и топол оброк. Критикувајќи го раководството на ЕУФОР и НАТО, посочуваат дека овој проблем се префрла на офицери од понизок ранг кои немаат ниту волја ниту овластување да се соочат со овој сериозен проблем.