Како гласале турските градови: Киличдароглу доминантен во големите центри

По нецелосните резултати од претседателските избори во Турција, беше најавено дека турските гласачи ги очекува уште еден изборен круг во кој ќе има директен судир меѓу долгогодишниот лидер Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот претставник Кемал Киличдароглу.

Според податоците на агенцијата Anadolu, по пребројани 99,38 отсто од гласовите, Ердоган води со 49,36 отсто од гласовите, потоа Киличдароглу со 44,99 отсто, а кандидатот Синан Оган добил 5,21 отсто од гласовите.

Киличардоглу има предност во поголемите урбани центри, а води во Истанбул со 48,55 отсто, Анкара 47,31 отсто, Измир 63,29 отсто, Анталија 53,13 отсто и Адани со 50,89 отсто.

Ердоган, пак, води само во Бурса со 51,47 отсто и Коња со 68,94 отсто.

На далечниот исток на земјата, каде што претежно се населени Курдите, Киличардоглу извојува убедлива победа.

Но, во централниот дел на земјата, како и на северот, Ердоган извојува убедлива победа, па на места како Јозгат има дури 72,7 отсто или Бајбурт, 78,86 отсто од гласачите.

Киличардоглу најубедливата победа ја извојува во градот Тунџели, каде освои 80,26 отсто од гласачите.

За две недели ќе се одржи вториот круг од претседателските избори во Турција, а ќе надвладеат гласовите на третопласираниот кандидат Синан Оган.

Гласачите на Оган се претежно од десничарска политичка ориентација и негодуваат за премногу благиот однос на Киличдароглу кон курдските бунтовници на истокот на земјата. Ова е само еден од показателите дека победата на Ердоган е сигурна во вториот круг.