Како да дознаете дали вашите фотографии се споделени на интернет

Дистрибуцијата на голи фотографии на поединци на интернет е сериозно нарушување на приватноста и овој феномен понекогаш е познат како „одмаздничка порнографија“, но овој термин понекогаш може погрешно да се протолкува.

Одмаздничката порнографија настанува кога сторителите споделуваат интимни фотографии или видеа од луѓе без нивна согласност, а тоа е феномен кој се случува доста често, пишува News.com.au.

Како да знаете дали вашите голи фотографии се споделени на интернет?

Лесен начин да дознаете дали вашите фотографии се споделени е прво да ја посетите опцијата „Слики на Google“, а потоа да кликнете на опцијата за иконата на камерата за да го допрете копчето „пребарување по слика“.

Потоа, притиснете ја опцијата „подигнете слика“ и откако ќе го направите тоа, ќе ви биде понудена опцијата да изберете „датотека“ или „изберете датотека“.

Откако ќе ги примените сите овие мерки, важно е да поставите слика од вашиот компјутер и серија алгоритми ќе ги откријат веб-локациите на кои таа слика можеби е споделена.

Единствениот проблем со овој метод е приватноста. Сликите или URL-адресите што ги поставувате ќе ги складира Google. Google тврди дека сликите и URL-адресите се користат „за да се подобрат нивните производи и услуги“, но како се користат допрва ќе се види.

Што треба да направите ако се сомневате дека вашите фотографии се споделени на интернет?

Ако откриете дека вашите слики се споделени на која било „онлајн“ платформа, веднаш контактирајте со таа платформа за да ги избришете оние слики што се објавени без ваша дозвола.

Во случај да имате и најмали сомневања, но не сакате да ризикувате да ги барате, тогаш веднаш известете ги надлежните органи како полицијата, па тие ќе ве советуваат и ќе ви помогнат што да правите.