Како да се ослободите од целулитот? Која храна го чисти, како треба да тренирате и дали помагаат масажите? Еве што треба да направите! (фото)

Најчестиот естетски проблем за кој многумина мислат дека е нерешлив е целулитот. Дури 90 отсто од жените во текот на животот се соочуваат со познатата ,,кора од портокал”, а таа обично укажува на нездрав начин на живот. Најмногу се појавува на нозете, колковите, задникот и стомакот, но може да се појави и на рацете и другите делови од телото.

Најчести причини за целулит се наследните фактори, несоодветната исхрана, недоволната физичка активност, хормоналната нерамнотежа и недоволниот внес на вода.

Наглото дебелеење влијае и на појавата на целулитот, а многумина мислат дека е невозможно да се ослободат од него. Бидете упорни, бидејќи има решение за целулитот а вашата кожа да се подобри.

Ако сакате да се ослободите од целулитот, веднаш треба да се подготвите за долгорочен процес. Краткорочниот напор има краткорочни ефекти, а ако се вратите на старите и лоши навики, целулитот ќе се врати. Клучот за успехот лежи во комбинацијата на здрави навики – тренинг, здрава исхрана, антицелулитни препарати и доволен внес на вода.

Кога станува збор за исхраната, постојат намирници кои треба да ги избегнувате. Тоа се газирани сокови, алкохол, пржена и солена храна, слатки, грицки. Сите тие содржат едноставни шеќери и лоши масти кои поттикнуваат таложење на маснотии. Кога станува збор за солената храна, важно е да се знае дека солта ја задржува течноста и тогаш нерамнините на кожата стануваат поизразени. Има намирници кои делуваат позитивно, а меѓу првите се овошјата богати со антиоксиданси – агрумите. Лимонот, портокалот и грејпфрутот се најдобри борци против целулитот!

Ништо без тренинг. Најдобрите вежби за отстранување на целулитот се качување на клупата (Step-up), чучњеви, лунзи, кревање на карлицата. Исто така, еден од најпознатите третмани што ги ,,полуде” жените ширум светот е антицелулитната масажа. Го изведуваат професионалци, а често може да биде непријатно или болно. Многумина ги интересира дали навистина имаат ефект.

Еден третман во просек трае од 30 до 40 минути, а обично се прават серии од 10 третмани 10 дена по ред, почнувајќи од петтиот или шестиот ден од почетокот на менструалниот циклус. Првите резултати се видливи по 6 дена. Важно е лицето што ја прави вашата масажа да е квалификувано, а најдобрите промени се гледаат по еден месец.