Како да стигнете од Грција до дома без да чекате? Србинка откри како не фатила гужва на ниту еден граничен премин

По одморот во Грција, повторно почнува неизвесност и загриженост дали на граничните премини од Грција кон Македонија, а потоа од Македонија кон Србија ќе се чека неколку часа.

Кој премин да го користите и како да избегнувате гужви кога туристичката сезона е во полн ек?

Еве една препорака…

„Од Грција до Македонија преку Дојран. Ветерни електрани со соларни панели на патот низ Грција. Чекањето на граничниот премин, верувале или не, е петнаесет минути.

Ручек и пауза во Дојран, попатна станица на пат кон и од Грција. Езеро полно со лековити алги, пристојна плажа, неколку ресторани, апартмани, но и хотелско сместување покрај дојранското крајбрежје. Храна на терасата на еден од етно рестораните со поглед на езерото. Има туристи, но и ученици кои заедно со своите професори летуваат на споменатото езеро.

Сè има на менито во ресторанот. Можете да пробате риба, скара, на пример ребра на скара, но и готвени јадења. Добар избор е и десертот, од палачинки исполнети со сладолед до домашни колачи. Што друго ќе правите… Го продолжувате патувањето низ Македонија и повторно размислувате како да ги избегнете гужвите на граничниот премин Прешево. И овој пат беше исправна одлука, граничниот премин Прохор Пчињски, кратко се чекаше и само поради прекин на струја на терминалот. Ништо комплицирано. Го продолживме патувањето до Прохор Пчињски. Низ Пчинската котлина со слаб дожд, кривулест пат и недопрена природа. Наидуваме на манастирот Прохор Пчињски, светилиште сместено во природна оаза“, вели Врањанката И.С., која помина седум дена со гости од странство во едно од грчките одморалишта на Халкидики.

Полека, без брзање, патувањето завршува во Врање.

„Промислени одлуки и уживање во враќањето од одмор. Сосема поинакво искуство од очекуваното, но сепак совет е да се распрашате во АМСС за состојбата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски. Неспоредливо подобра ситуација при враќањето од одмор од онаа на која наидовме кога одевме за Грција и чекавме со часови“, заклучува И.С.