Претставници на Пентагон: Почна главниот удар на украинската контраофанзива! (ФОТО)

Ова е, всушност, заклучокот на двајца неименувани функционери на Пентагон во кои тие ги изнесоа своите ставови пред Њујорк Тајмс.

Тие рекоа дека главниот удар бил насочен кон област во југоисточна Украина и вклучил „илјадници засилувања“.

Имено, се чини дека значителен број воени ’засилувања’ завршиле обука во западните земји и затоа се поспособни војници, пишува NI Times.

Деталите за новиот развој на контраофанзивата во моментов се оскудни, но важно е да се забележи дека коментарите на претставници на Пентагон во голема мера се совпаѓаат со неодамнешните изјави на руските официјални лица.

Руското Министерство за одбрана веќе спомена „масовен напад“ и тешки борби јужно од Орихив.

Според Владимир Рогов, проруски функционер во јужна Украина, во нападот учествувале украински војници обучени од Западот и нападот го започнале со околу 100 оклопни возила, вклучувајќи тенкови Леопард 2 од германско производство и борбени возила Бредли.