„Како играше Новак денес” Вучиќ се сретна со Срѓан Ѓоковиќ на Саемот на вино: Вака течеше нивниот разговор (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач на завршниот турнир во Торино , а тој меч и она што следува беше тема на разговор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан.

Имено, по официјалното отворање на Саемот за вино во Белград, Александар Вучиќ ги посети штандовите и по тој повод се сретна и со Срѓан Ѓоковиќ, чие семејство, меѓу другото, произведува и вино.

– Како играше Новак денеска? – го праша претседателот таткото на Новак.

– Па, се мачеше, но победи! – одговори Срѓан Ѓоковиќ, додавајќи:

– Важно е Србија да го освои Дејвис купот следната недела.

Александар Вучиќ, Срѓан Ѓоковиќ

Претседателот на Србија ги пофали вината што ги произведуваат, а потоа разговорот го заврши со зборовите:

– Упатете му честитки на Новак уште еднаш и поздравете го – рече српакиот претседател Вучиќ.

Да потсетиме, и покрај денешната победа над многу непријатниот Полјак, Новак Ѓоковиќ ќе се пласира само во полуфиналето доколку Јаник Синер со кој било резултат го совлада Холгер Руне во мечот кој започнува од 21 часот.

Напротив, триумфот на Руне ги води Данецот и Италијанецот понатаму, поради подобриот тениски количник што тогаш ќе го имаат тие двајца во однос на Србинот.