Како Панче Тошковски го “спакува” Наќе Чулев? Горде “со тефтерчето” се враќа во МВР, Мицкоски се подготвува за битка на два фронта, врие во Белата палата!?

Првата реакција по номинацијата на адвокатот Панче Тошковски за прв човек на Министерството за внатрешни работи во т.н. пржинска влада ( ќе видиме дали ќе биде избран во Собранието ) беше дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ го избра својот адвокат, со кого ги имаше потпишано како прв човек на ЕЛЕМ оние два условно речено “чудни”, да не речеме “спорни”, договори за адвокатски услуги. И тоа е, како би рекле на времето во Квискотека кога се откриваше т.н. непозната личност во квизот, точно, но не многу битно. А Панче Тошковски, иако е прв човек на Комисијата за правни прашања, пред тоа беше и на т.н. комисија за статутарни прашања на главната опозициска партија, е сепак непознат за македонската јавност.

Главното што треба да се знае е дека во адвокатската канцеларија на Панче Тошковски, спроти Универзалната сала во Скопје, се наоѓаше штабот на Христијан Мицкоски пред неговиот избор за прв човек на ВМРО ДПМНЕ на Конгресот во Валандово во декември 2017 година. Во истата зграда своја канцелрарија има и поранешниот прв човек на т.н. “реформисти” кои се зазлагаа за смена на Никола Груевски, но кој потоа се повлече бидејќи избра да биде еден од адвокатите на бизнисменот ставен на американската црна листа, Јордан Камчев. Што ќе рече дека Тошковски е многу повеќе од адвокат на Мицковски и е дел на крилото на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Во таа е екипа е и кумот на Тошковски, екс генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев или т.н. велешко крило на кое припаѓа и Тошковски.

Кон тоа крило сега се очекува да се приклучи и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која во периодот пред и по излегувањето од затвор јасно застана на про-мицковистички а анти-груевистички позиции. Таа по новата година се сликаше и го објави “дрим тимот” а на таа таа фотографија се Кире Тодоровски, нејзин екс шеф на кабинетот и близок човек на бројот 2 во партијата, Александар Николоски и Ристе Ставревски кој веќе беше дел на една пржинска влада ( во 2020 година ) на чело на полицијата во Скопје.

Тошковски никогаш не бил во добри односи со “човекот број 2” во партијата, Александар Николоски, напротив тие односи можат да се дефинираат секако поинаку освен добри. Што ќе рече дека Мицкоски сега верува само на свои луѓе и се обидува да направи нов баланс на безбедносното разузнавачко миље во партијата. На страна се тргнува т.н. завиша филм групацијата под контрола на Николоски, иако Кире Тодоровски може да биде во игра, а му беше шеф на кабинет на Наќе Чулев кога беше министер за внатрешни работи во пржинската влада “берба 2020 година”, но тоа повеќе ситуација е кога “во камени глави поразот како победа да се слави”.

Странците со месеци бараа од Мицкоски да се ослободи од таа “завиша филм групација”, но тој тоа досега го одбиваше. Оваа свртување и пуштањето низ вода на веќе видениот Наќе Чулев на чело на МВР може да значи дека Мицкоски сака да подаде рака кон странците, што е помалку важно бидејќи тој процес е тешко оштетен и ќе треба многу време да биде поправен, туку многу повеќе борба на Мицковски на два фронта, да биде премиер по изборите на 8 мај ( тоа е повеќе секундарно прашање ) и да ја задржи власта во белата палата каде Николоски и можеби Груевски ( кој се последните потези и фејсбук статуси како полека да се дефакторизира и признава дека и самиот е свесен за тоа ) ќе бидат главните играчи кои ќе ја бараат “неговата глава”.

Мицкоски, за разлика од 2000-та година кога беше само шпицен кандидат за премиер, сега сака да ја има цела власт во свои раце и не верува на никој друг. Како лидер на партијата тој ќе биде и шеф на изборниот штаб ( тоа досега се нема случено ) и со свои луѓе на клучни функции, како што е Панче Тошковски ( е не Наќе Чулев кој е дел на т.н. завиша филм група блиска на Николовски ) да влезе во финалната пресметка во белата палата и во случај да не може да формира влада по изборите на 8 мај.

Затоа на Мицкосвки му е неопходно да направи нова рамнотежа ( во негова корист ) во разузнавачкото миље, да не речеме разузнавачкото подземје блиско на белата палата, каде ќе се игра и на картата на екс директорот на ДБК, Љупчо Андоновски ( неговиот син Стефан Андоновски е предлог за дополнителен заменик министер за информатичко општество ) но и големиот шеф на тајната служба од 90-тите години Слободан Богоевски каде врската е Тошковски. Но сите овие пикантерии ќе можете да ги проследите во политичката анализа за мембери во емисијата Во Центар која ќе се емитува во вторник во 22 часот и 30 минити на Јутуб каналот Васко Ефтов.