Калето во операција за “Спасување на војникот Заев”, битка за превласт во СДСМ, Зечевиќ и Заев против Ковачевски -Црвенковски и Шекеринска влегуваат во игра!? (ВИДЕО)
Во филмот на Стивен Спилберг-“Спасувајќи го војникот Рајан”, чие дејство е во текот на Втората Светска Војна, тројца браќа, американски војници, загинуваат во ист ден, па командата одлучува најмладиот брат, војникот Рајан, да биде спасен и вратен дома. Некоја слична операција сега се спроведува во Македонија, кога “војникот Заев” треба да биде тргнат од пајажината на моќниот бизнисмен ( и поранешен владин вицепремиер ) Кочо Анѓушев, кој беше ставен на американската црна листа, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Дипломатски извори во Скопје, велат дека во текот на овој месец веќе имало ( барем една ) средба меѓу американската амбасадорка, Анџела Агелер и Зоран Заев на која на Заев му било укажано дека би било прифатливо неговото дистанцирање од Анѓушев и Мицкоски. Анѓушев е ставен на црната листа поради влијанието кое го има и врз Заев и врз Мицкоски, како порака која треба да биде испратена до двајцата, односно него странскиот фактор го смета како “спиритус мовенс” на целиот процес на правење македонска колаиција ( ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ) по некаков германски модел и како брана за спречување на наводната “албанизација на Македонија”.
Заев, исто така и Драги Рашковски, поранешниот секретар на Владата, преку случајот со контроверзниот црногорски бизнисмен, Миодраг Дака Давидовиќ беше ставен ( индиректно ) на американската “сива листа” и тоа требаше да биде предупредување до него. Но потоа следуваше писменото соопштение на Заев со кое тој застанува на страната на Анѓушев и во негова одбрана по ставањето на американската црна листа. Заев нема добиено никакви ветувања од странскиот фактот дека и тој нема да биде ставен на траекторијата на Анѓушев и сега се води процес зад завесите кој на крајот може да заврши со “враќање на Заев во СДСМ”, но на мала регионална врата во четвртата изборна единица или одење на Заев или луѓе на Заев на американската црна листа!?
Во моментот се води драматична битка за превласт во СДСМ, каде странскиот фактор е на страната на лидерот Димитар Ковачевски, а на теренот Заев и луѓето на Заев ( со помош на генералниот секретар Миле Зечевиќ!?) работат на смена на Ковачевски!? Од битката и победникот во таа битка во СДСМ ќе зависи кој ќе ја формира идната македонска влада по изборите на 8 мај идната година. Некаде околу 20 јануари се очекува ново доаѓање во Скопје на вториот човек на Стејт Департментот, и човекот кој до пред два месеци ја составуваше американската црна листа, Џејмс О’Брајан кога ќе треба да се покаже дека странскиот фактор стои зад Ковачевски и во внатрешните пресметки во СДСМ и во изборната трка. Што ќе рече дека американската црна листа може да биде надградена и дополнета со нови имиња.
Влегувањето на Заев во битка за превласт во СДСМ може да доведе до вклучување на Бранко Црвенковски и Радмила Шеќеринска во политичките разврски, кои веќе долго време сакаат да го видат Заев маргинализиран во партијата. Се чека каде ќе се приклони министерот на полицијата, Оливер Спасовски, дали по кумановска вертикала во врвот на власта или по некаква собраниска хоризонтала. И се разбира се чека одлуката на Димитар Ковачевски колку е подготвен да оди до крај или ќе изненади со некаква (не)очекувана одлука во последен момент!?
Ова е само мал дел од анализата на емисијата Во Центар која во вторникот беше објавена на Јутуб каналот Васко Ефтов. Целата анализа ( со месечна претплата од 150 денари ) можете да ја погледате на следниот линк: