Камена плоча стара 2.800 години изложена во Ирак

Камена плоча стара 2.800 години е изложена во Ирак, откако Италија ја вратила по речиси 40 години.

Артефактот е напишан со клинесто писмо, систем на пишување на глина заснован на древната вавилонска азбука. Италијанските власти минатата недела во Болоња му го предадоа на ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид.

Сè уште не е јасно како е пронајдена плочата или како стигнала во Италија, каде што полицијата ја конфискувала во 1980-тите. Ирачкиот министер за култура Ахмед Бадрани рече дека можеби е пронајден за време на археолошките ископувања на браната Мосул, која била изградена во тоа време.

Ирак често се опишува како „лулка на цивилизацијата“ и е познат, меѓу другото, и по првото писмо во светот.

Кон крајот на осмиот век, Бејт ал Хикма (Куќата на мудроста) била дом на најголемата библиотека со книги за наука, уметност, математика, медицина и филозофија. Грабежот на антиквитети во оваа земја се засили по инвазијата предводена од САД пред 20 години.

Ирачкиот претседател ја пофали Италија и рече дека ќе работи на враќање на сите археолошки делови од ирачката историја од странство.