Кампањата за реизбор на Бајден нема да се концентрира на судските дела на Доналд Трамп  

 Кампањата за реизбор на Џо Бајден на претседателките избори идната година нема да се концентрира на судските дела на Доналд Трамп, кој претендира за номинација од Републиканската партија. 

-Не планираме да се концентрираме на правните проблеми на Доналд Трамп, изјави денеска Седрик Ричмонд, копретседател на изборниот штаб на Бајден, за Еј-бо-си њуз.

Трамп веќе четврти пат оваа година е обинет за сторени сериозни кривични дела. 

Во четвртокот Трамп  доброволно се предаде на властите во затворот во Атланта и набрзо беше пуштен да се брани од слобода, по обвинение од повеќе точки за кривични дела поврзани со обидите да ги смени резултатите од изборите во 2020 година во државата Џорџија. 

Според резултатите од повеќето анкети, Трамп држи значајно водство во рејтингот меѓу републиканските избирачи, наспроти своте соперници во борбата за номинација од оваа партија