Канабисот не ја ублажува болката, туку ја прави поподнослива

Според студиите на научниците од Универзитетот во Оксфорд, психоактивната супстанција која се наоѓа во канабисот не го намалува интензитетот на болката, туку ја прави поподнослива.

Скенирањето на мозокот откри дека супстанцијата „THC“ ја намалува активноста во регионите поврзани со емоционалните аспекти на болката. THC имаше силен ефект врз некои пациенти, додека други доживеаја само мали промени.

Водачот на студиите, др. Мајкл Ли, тврди дека канабисот не делува како конвенционалните лекови против болки. Тој вели дека некои луѓе добро реагирале на тоа, додека други чувствувале малку или воопшто не се опуштале.

Парчињата на мозокот покажуваат слабо намалување во регионите поврзани со чувствителноста на болка. Канабисот всушност има ефект врз емоционалниот одговор на болката.

„Од учесниците во истражувањето, забележавме дека оние кои примиле THC не пријавиле промена во интензитетот, но помалку им пречела болката“, вели Ли.

Канабисот содржи голем број природни хемикалии наречени канабиноиди и мозокот има способност да реагира на такви соединенија.

Хемиските соединенија синтетизирани во лабораторија, слични на оние кои се наоѓаат во канабисот, може да се развијат како потенцијални лекови за намалување на болката.