КАНОНАДА НА УКРАИНЦИТЕ: Бурна ноќ на фронтот, за само 25 минути Украинските сили трипати го бомбардираа Доњецк

Украина врши притисок.
Вооружените сили на Украина утрово го гранатираа градот Доњецк три пати за само 25 минути, соопштија руските власти.

Овој град е административен центар на таканаречената Доњецка Народна Република ДПР.

Според извештајот, нападите се случиле во 01:40, 1:50 и 02:05 часот по локално време .

Десет проектили паднаа во градовите на окрузите Кјубишев и Киров како резултат на овие напади , пренесува ТАСС.