Кардиолозите откриваат на која рака треба да се мери притисокот за да бидат точни резлутатите: Многу луѓе цел живот погрешно го прават ова

Што ако апаратот за мерње на притисок покаже 200 десно, а само 130 лево ? Разликата не е безначајна… Но која од овие вредности е точна ?

Проблемот е што повеќето луѓе не го мерат правилно својот крвен притисок, а радиолозите од клиниката „Мајо“ во САД го открија единствениот правилен начин како да го направете тоа. Ако вредностите се покачени, пробајте го „домашниот лек“ кој ќе го намали притисокот за пет минути.

При мерење на двете раце, кај повеќето луѓе пониските вредности на притисок ќе бидат малку повисоки на десната рака отколку на левата. Сепак, оваа разлика е приближно 5-10 mm/Hg, што е поврзано со нашата анатомија. Крвта „доаѓа“ до десната рака преку аортата – најголемата артерија во телото која носи крв од срцето до остатокот од телото.

Ситуацијата е нешто поинаква со левата рака. Крвта тече низ двете најважни артерии до главата, пред да се „префрли“ на левата рака. Оттука и помалите разлики во вредностите. Меѓутоа, ако мерните вредности на десната и левата рака се разликуваат за десетици mm/Hg, тогаш ова е веќе знак за сериозни здравствени проблеми.

Постои можност да се работи за проблем со срцето и бубрезите, бидејќи бубрезите помагаат во регулирањето на крвниот притисок. Исто така, не е исклучен и покачениот холестерол, кој дефинитивно треба да се провери. Големите разлики во вредностите на притисокот на десната и левата рака речиси сигурно укажуваат на блокирање на крвните садови, што влијае на протокот на крв во левата рака.

Имајте на ум дека идеалниот горен притисок за лица над 50 години треба да биде под 140, а за млади – до 120.