Слон го нападна автомобилот со туристи во националниот парк во Замбија, загина 80-годишeн Американец

80-годишен американски турист загинал кога бил нападнат од слон додека бил дел од група туристи во Замбија, пишува Sky News.

Уште еден гостин се здобил со повреди во инцидентот што се случил во националниот парк Кафуе во Замбија, пренесува Телеграф.

Групата од шест гости и водичот биле во кампот Луфупа на 30 март кога нивното возило ненадејно било нападнато од џиновското животно.

Аматерското видео го прикажува моментот кога слонот ја следи групата туристи. Возилото во кое патувале туристите минувало низ националниот парк кога им се приближил слонот.

Џиновското животно успеало да го преврти автомобилот удирајќи го со носот додека туристите врескале. Останатите кои биле во автомобилот се пренесени на лекување во болница.

Џиновското животно успеало да го преврти автомобилот удирајќи го со носот додека туристите врескале. Останатите кои биле во автомобилот се пренесени на лекување во болница.