Карлеуша повторно во центарот на вниманието! За обична мрежа и очила потрошила… (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша ги изненади медиумите и присутните гости на роденденската забава на познатиот српски магазин, која се одржа синоќа во главниот град на Србија, со необичната комбинација на облека.

Во преден план секако беа нејзините бујни гради, но најголемо внимание привлече аксесоарот кој го носеше.

Кожна чанта од познатиот бренд „Balenciaga“ чини 5.000 долари, очилата од брендот „Rick Owens“ чинат 995 долари и хеланки исто така од „Balenciaga“ чинат 4.500 долари.

Сè на сè, пејачката вреди 10.495 долари, што е 9.825 евра.