Реал Мадрид со победата од 3:0 на гости кај Брест го заврши првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите само на 11-та позиција со 15 бодови.
Реал многу се мачеше во новиот формат на најелитното европско натпреварување, па претрпе дури три порази. Карло Анчелоти по мечот со Брест истакна дека не е љубител на новиот формат, и дека се играат премногу натпревари.
– Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите, има премногу натпревари. Наместо да се намалува бројот на натпревари, тој се зголемува – изјави Анчелоти.
Или Манчестер Сити или Челзи го чекаат Реал во плејофот од Лигата на шампионите, а противниците ќе ги дознаат на претстојната ждрепка.
– Не сакаме да играме против Сити. Тој клуб има шанса да ја освои Лигата на шампионите, па би било добро да се избегне – изјави Анчелоти.
Реал ја брани титулата европски првак, а лани во финалето ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0.