Карфур Франција: Нема да продаваме Пепси и Лејс поради неприфатливо зголемување на цената

 Францускиот синџир супермаркети „Карфур“ им порача на клиентите дека повеќе нема да ги продава производите на американскиот прехранбен гигант „ПепсиКо“, како што се газираните пијалоци „Пепси“ и „7ап“ и чипсовите „Лејс“, бидејќи тие станаа премногу скапи, јавија француските медиуми.

– „Карфур“ од денеска поставува натпис на полиците на производите на „ПепсиКо“ во продавниците во Франција: „Веќе нема да го продаваме овој бренд поради неприфатливо зголемување на цената“, изјави портпаролот на француската компанија.

Знаците ќе бидат поставени само во продавниците на Карфур во Франција