Касами: МОН дава согласност за ангажман на стручен кадар во училиштата за третман на деца со аутизам

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами во центарот на градот заедно со граѓаните го одбележа денот против аутизмот.

Касами рече дека сме овде на плоштадот во Тетово за да го одбележиме светскиот ден на аутизмот и да покажеме дека сите сме еднакви.

„На денот на аутизмот сакам да покажам дека секој член од семејството е важен.

Ги повикуваме сите институции да придонесат за интеграција на децата со аутизам за кога ќе пораснат да придонесат за општеството“, рече Касами.

Касами рече дека се потребни повеќе стручни кадри во нашите училишта за да се занимаваат со оваа проблематика, затоа бараме Министерството за образование да даде согласност за ангажман на стручен кадар, која ја доставивме пред две години.

Касами вели дека како општина со сопствени средства ќе се заложат за ангажирање на стручен тим во училиштата кој вклучува и психолог и стручен кадар за третман на деца со аутизам.