ССМ предупредува на тужба во Стразбур доколку не се смени одлуката на судот за нивниот објект

Сојузот на синдикати на Македонија денеска протестираше пред Врховниот суд на Македонија, поради одземање на нивниот објект.

„Дојдовме пред Врховниот суд да свртиме грб и да им покажеме на тие судии кои го зазедоа срамното место за конфискација на работнички имот. Тројца судии сакаат да му наштетат на целото движење во Македонија, да го направат тивко и понизно.

Денеска само синдикалните челници дојдоа да им кажат на судиите дека е време да победи правото и правдата“, изјави првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Најавија дека ќе излезат во што поголем број доколку одлуката не биде укината до 1 мај.

Од Трендафилове велат дека ќе ги искористат сите механизми и пред Меѓународниот суд во Стразбур.