Лидерот на Движењето Беса Билал Касами изјави дека неодамнешните измени во Кривичниот законик се директна амнестија за Никола Груевски.
Касами за „Алсат“ изјави дека тоа го потврдил и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, но пред неколку дена и претседателот Стево Пендаровски изјави дека бил консултиран од политичките партии дали Груевски може да биде амнестиран.
„Овде важи народната поговорка, не прашувај, ќе ти каже. Али Ахмети во рок од 1 минута го покажа целото сценарио за амнестија.
Тој покажа дека има таен договор меѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и во моментот кога Груевски побегна во Унгарија, ВМРО-ДПМНЕ не се согласија бидејќи зад тој закон стоеше амнестијата за Никола Груевски“, рече Касами.