Нови институции во Македонија и покрај заложбите за нивно намалување

И покрај ветувањата за намалување на јавниот сектор, Владата на Македонија продолжи да создава нови јавни институции.

Министерството за информатичко општество и администрација во понеделникот соопшти дека за осум години во Македонија се основани 74 нови институции, вклучително и осум само во 2023 година.

„Десет дена Крушевска Република“, „Уметничка галерија во Гостивар“, „Конгресна манифестација Смилево“ и „Центарот за култура на турската заедница“, се меѓу осумте нови институции што годинава беа основани, а кои ќе се финансираат од државниот буџет.

„Во Македонија имаме институции кои не ги ни знаат нивните надлежности“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Намалувањето на бројот на државни службеници е исто така постојано барање на Европската унија, меѓу задолжителните барања што мора да ги исполни Македонија за членство во европското семејство.

Во извештајот на Европската комисија објавен во јули годинава, се вели дека „реформите во администрацијата ги попречуваат одреден дел од функционерите“.

Јулијана Караи, од Институтот за европска политика, за Радио Слободна Европа изјави дека поради „недостатокот на рационална организација на владините органи и недостатокот на јасни линии на одговорност“ за тоа како се трошат буџетските пари, не може да се очекува дека реформите во администрацијата да се направи во согласност со барањата на ЕУ.

„По голема веројатност, раководителите на институциите не можат да се договорат, постои некаков отпор од страна на раководителите на овие институции, бидејќи процесот започна пред две години за време на пандемијата, а дури и ние како граѓански сектор бевме вклучени во овој процес. Но, се чини дека целиот процес е закочен. Не ни информираат до каде стигна овој процес“, рече Караи.

Политичките експерти посочуваат дека реформите во администрацијата се заложници на стравувањата на политичките лидери дека може да изгубат гласачи доколку ја намалат администрацијата.

„Тука се занимаваме со индивидуални и групни интереси. Не мислам дека победата или загубата на политичките партии се рефлектира во нивниот електорат преку обезбедување или губење на работни места во државните институции“, изјави Алберт Муслиу од Институтот за развој на демократијата.

Тој подвлече дека „секое работно место се претвора во гласови плус или минус“, додавајќи дека тоа предизвикува неподготвеност да се намали бројот на државните службеници и покрај тоа што „секое намалување на институциите е за општо добро“.

Реформата на јавната администрација беше вклучена и во таканаречениот „план за итни реформи 3-6-9“ од 2017 година и планот „18“, кој беше објавен една година подоцна.

Владата не соопшти детали до каде овој процес е спроведен во пракса.