Касами: Последните измени во Кривичниот законик се директна амнестија за Никола Груевски

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами изјави дека неодамнешните измени во Кривичниот законик се директна амнестија за Никола Груевски.

Касами за „Алсат“ изјави дека тоа го потврдил и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, но пред неколку дена и претседателот Стево Пендаровски изјави дека бил консултиран од политичките партии дали Груевски може да биде амнестиран.

„Овде важи народната поговорка, не прашувај, ќе ти каже. Али Ахмети во рок од 1 минута го покажа целото сценарио за амнестија.

Тој покажа дека има таен договор меѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и во моментот кога Груевски побегна во Унгарија, ВМРО-ДПМНЕ не се согласија бидејќи зад тој закон стоеше амнестијата за Никола Груевски“, рече Касами.