Квалитетот на се*сот зависи од годините: Колку е постара, толку е… (фото)

Едно истражување открило дека со текот на годините доаѓа и искуството и подобриот квалитет на интимниот однос.

Младите парови можеби почесто имаат интимни односи, но истражувањата докажаа дека квалитетот на самиот сексуален однос е подобар колку што луѓето се постари.

Истражување на веб-страницата „Ellicit Encounters“ потврдило дека водењето љубов со текот на годините станува подобро. Дури 3 отсто од жените и мажите изјавиле дека најдобри години за водење љубов се 40-тите.

Во истражувањето учествувале 828 испитаници, а авторите на студијата објаснило дека младите луѓе имаат повеќе желба за секс, но паровите кои имаат над 40 години навистина уживаат во него. Се верува дека тајната лежи во тоа што во тие години тие имаат многу помалку комплекси и повеќе искуство.

3 главни причини поради кои водењето љубов со текот на годините станува подобро:

Повеќе самодоверба

Знаете што сакате, не се срамите од своето тело, движења и звуци, не сте оптоварени со целулитот ниту имате проблеми со изразувањата на своите желби.

Односите во бракот се подобри

Можеби ќе ви биде тешко да поверувате, но на крај ова тврдење има смисла. Секако дека вистинскиот однос секогаш е возбудлив и воден со повеќе страст, но паровите кои долго време се заедно и се познаваат доволно добро, дури и во спалната соба треба да направат некаква промена.

Постарите жени полесно доживуваат оргазам

Ова истражување исто така потврдило дека постарите жени почесто и полесно доживуваат оргазам отколку жените со помало искуство, а овој факт исто така влијае на сексуалниот живот на партнерите.