Кеба ја ископира Џеј Ло и стана хит на социјалните мрежи! Пејачот го нарекоа Џенифер Којиќ Кејло – погледнете ги овие смешни сцени (фото/видео)

Драган Којиќ Кеба навистина напорно се труди да биде во чекор со светските ѕвезди и светските трендови.

Тој сега одлучи да ја ископира Џенифер Лопез, а корисниците на Твитер поради тоа гп нарекоа Џенифер Којиќ Кејло.

Затоа и не е чудно што реинкарнацијата на старата манекенка Џенифер Лопез сега стана толку популарна.

Многумина се сеќаваат на видеото каде сè е врамено така што изгледа како некој да ѝ истура вино во чашата на пејачката, а таа постојано се обидува да го спречи бидејќи не сака повеќе да пие. На крајот испаѓа дека сама си се послужува со пијалок.

Драган Којиќ Кеба

Како што видеото на Џеј Ло стана вирално, Кеба реши да се обиде да ја ископира, па го направи истото видео. Кеба го имаше и факторот изненадување, ја надогради идејата на пејачката свирејќи на хармоника на крајот, што предизвика хаос на мрежите.