Кејт Мидлтон блесна на Вимблдон! Принцезата зрачеше од среќа: Прекрасно облечена уште еднаш покажа што е кралска елеганција! (фото)

Женското финале на Вимблдон скоро што заврши а многу познати личности се најдоа на трибините. Меѓу нив секако беше и принцезата Кејт Мидлтон, а секако и овојпат имаше беспрекорен аутфит.

Кејт на 13-тиот ден од Вимблдон се појави во бледо зелена облека која одлично ја истакна нејзината фигура, но и нежниот тен. Таа се одлучи за лелеаво миди здолниште и струкиран блејзер во иста нијанса. Оваа едноставна комбинација дополнително ја комбинирала со накит.

Таа носеше бисерни обетки во форма на цвеќе, златна нараквица и голем прстен. Горниот слој на косата го врзала така што брановидно паѓа со остатокот од косата, но на овој начин и’ се истакнуваат обетките. Оваа фризура одлично прилега на нејзиниот статус на принцеза.

Целата комбинација ја ,,зачини” со беж штикли и беж чанта, црни очила за сонце и мека шминка, со кармин во црвеникава боја.

Принцезата беше расположена и блескаше од среќа, а цело време имаше широка насмевка на лицето, па може да се каже дека уживала во овој прекрасен ден на Вимблдон.