Киа повлекува 427.000 возила поради проблеми со паркирањето

– Киа повлекува повеќе од 427.000 од своите СУВ-возила „телуриде“ откако беше откриено дека доколку се паркираат на удолнина, може да почнат сами да се движат.

Според податоците на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатишта, сите возила „телуриде“ произведени во период помеѓу 2020 и 2023 година и одредени модели од 2024 година се опфатени со повлекувањето.

„Телуриде“, од 2019 година, кога излезе на пазарот, стана хит меѓу Американците поради пространата внатрешност.

Побарувачката за овие модели беше толку голема што Киа не можеше да ги произведе доволно брзо неколку години.

Сепак, според извештајот на Националната администрација, главната компонента на воланот на СУВ-возилото може да биде неправилно составена на повлечените возила.

Дефектот може да доведе до ненамерно движење на автомобилот додека е паркиран, доколку не е вклучена рачната сопирачка.