Киднапирал девојка, ја чувал во кафез а потоа ја исекол на парчиња: Страшно злосторство ја потресе Америка! Полицијата беше шокирана кога го отвори фрижидерот (ВИДЕО)

Маж од Мисури е осуден на доживотен затвор затоа што убил девојка која ја чувал во кафез, а потоа и’ го распарчил телото.

Џејмс Фелпс (60) е осуден за убиство од прв степен, односно за киднапирање и измачување на Кеси Рајнвотер (33) додека била на умирање.

Окружниот судија Џил Портер го осуди Фелс на доживотен затвор без можност за условно ослободување поради ужасната природа на злосторството. Тој беше обвинет заедно со соучесникот Тимоти Нортон во септември 2021 година, откако ДНК анализата го потврди идентитетот на жената чие тело беше пронајдено на парчиња во неговиот дом во близина на Либан.

Истрагата следела откако на телефонот на Фелпс беа пронајдени фотографии од распарченото тело на жртвата. Фелпс и Нортон првично беа уапсени под обвинение за киднапирање, откако ФБИ доби дојава дека на телефонот на Фелпс биле пронајдени фотографии од делумно гола жена и затворена во кафез.

– На фотографиите се гледа Кесиди во кафез. Други фотографии го покажуваат нејзиното тело врзано за кран кој обично се користи за обработка на елени и распарчување на животински тела.

-,,Добивме налог за претрес по што најдовме голем број докази” – соопштија од ФБИ.

Полицијата во замрзнувачот пронашла мобилен кран и кафез, како и предмети со човечко месо на кои пишувало датум. Во соседната куќа биле пронајдени повеќе останки од жртвата. Жената била пријавена за исчезната во август 2021 година од жена која кажала дека девојката последен пат била видена со Фелпс.

Осомничениот, сепак, двапати им кажал на истражителите дека Кеси не е кај него и дека таа заминала во Колорадо.

Домот на Фелпс подоцна изгоре до темел, но инспекторите утврдија дека пожарот е подметнат пожар.

Нортон, кој се соочува со истите обвиненија како Фелпс, пресудата треба да му биде изречена во вторник.