Килијан Мбапе целосно ‘полуде’! Една работа ја извади од ‘такт’ ѕвездата на ПСЖ, а сега пристигна жесток одговор од фудбалерот кој стави крај на шпекулациите!

Килијан Мбапе го одигра последниот натпревар за Пари Сен Жермен и кариерата ја продолжува во Реал Мадрид – информации од ваква содржина се шират во медиумскиот простор, а за тоа се шпекулира и се зборува и пишува со месеци, но се чини дека ова не се баш веродостојни информации. Така барем тврди самиот Килијан Мбапе

Францускиот фудбалер на социјалните мрежи сподели напис од престижните L’Equipe и Le Parisien, кои повторно „зборуваат“ за овој замислен трансфер со кратка и јасна порака: „Лаги…“

L’Equipe, всушност, објави дека Килијан Мбапе им рекол на челниците на ПСЖ дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува летото 2024 година. Во текстот понатаму се вели дека неговиот план е да изврши притисок врз Парижаните да го продадат веќе ова лето. Приказните за неговата преселба во Мадрид веќе се претворија во „сапуница“ која зборува за тоа дека Реал Мадрид е клубот чиј дрес отсекогаш сонувал да го носи тој. 

Оние кои поверуваа на информациите прочитаа и дека Килијан Мбапе сака трансфер веќе ова лето, бидејќи ПСЖ нема многу избор бидејќи не сака да го загуби без обештетување. И тој е подготвен да го продаде што е можно поскоро.

Приказната претходно се засили откако Карим Бензема замина во Саудиска Арабија, а Реал Мадрид се најде во ситуација да мора да доведе врвен напаѓач. После тоа, Le Parisien се нафати на приказната и додаде дека интересот е заеднички. Во исто време, секогаш доверливиот Фабрицио Романо ја турна приказната за интересот на Челзи за доведување на 24-годишниот напаѓач. Тешко е да се каже што ќе се случи, засега сето тоа е само шпекулација. Во секој случај, неговото заминување би било голем удар за парижаните бидејќи останаа без Лионел Меси, кој одлучи да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами иако имаше богата понуда од Ал Хилал од Саудиска Арабија, како и од Барселона која го сакаше назад.

Сепак, за се ќе треба да почекаме уште малку, бидејќи капитенот на француската репрезентација ги демантираше гласините со објава на социјалната мрежа Твитер. Тој објави линк со порака: „Лаги… Веќе кажав дека следната сезона ќе продолжам во ПСЖ, каде што сум среќен…