КИНА ОДИ НА ПОМОШ? – Познат е датумот кој би можел да ја одреди судбината на Украина: Сите очи се вперени во Пекинг
Министерството за надворешни работи на НР Кина посочува дека САД нема да одредуваат какви ќе бидат кинеско-руските односи
“Кина ги отфрли забелешките дека ќе испрати оружје во Русија што би го користела во Украина. Обвинувањата на американскиот државен секретар Антони Блинкен против Кина се погрешни. Имено, САД, а не Кина, испраќаат оружје на бојното поле”, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. портпаролот Ванг Венбин.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека Кина „ја разгледува можноста да и снабди на Русија оружје и да и пружи воена помош“ и предупреди дека таквиот потег може да има сериозни последици. И високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, во таа прилика изјави дека Кина не смее да ја „премине црвената линија“.
Кинескиот претставник рече дека САД нема да одредуваат какви ќе бидат кинеско-руските односи. И додека Вашингтон испрати јасно предупредување до Пекинг, портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт рече дека „германската влада нема податоци за испораките на кинеско оружје за Русија“, а германската министерка за надворешни работи Анален Баербок, пренесува Дојче веле, сепак го предупреди и го повика Пекинг да „не испраќа никакво оружје во Русија“.
И кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, поранешен амбасадор во Вашингтон, повика на прекин на шпекулациите „денес Украина, утре Тајван“. Сепак, тој рече и дека Кина е вознемирена од ситуацијата во Украина бидејќи, според него, „ситуацијата ескалира и може да излезе од контрола“, пренесува Франс прес.
„Повикуваме да престанеме да додаваме масло на огнот и да ја обвинуваме Кина“, рече Чин Ганг, пренесе АФП.
Инаку, се очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да објави „кинески предлог за мировен план“ на самата годишнина од руската агресија врз Украина, кој, според Блумберг, би морал да вклучи повик за прекин на огнот и ембарго за оружје.
Имено, евидентно е дека Кина сака поактивно да се вклучи во обидите за решавање на војната против Украина.
Шефот на надворешнополитичкиот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина Ванг Ји, вистинскиот креатор на кинеската надворешна политика кој моментално е на турнеја низ Европа, ќе разговара за ова со руски претставници во Москва, а московски Комерсант пренесува дека тие ќе разговараат за „деталите за блиската иднина“ (некаде на пролет, иако датумот не е дефиниран) за посетата на Кси Џинпинг на Русија.