Кина отпаѓа? Тие станаа најголемиот трговски партнер на САД

Според официјалните податоци, Мексико ја престигна Кина и стана најголемиот билатерален надворешно трговски партнер на Америка.

Американскиот увоз од Мексико во 2023 година достигна 476 милијарди долари, додека во Мексико се извезени околу 323 милијарди долари, пишува Аксиос.

Соединетите Американски Држави, најголемиот увозник во светот, годишно увезуваат стоки во вредност од повеќе од три трилиони долари, а Мексико, Кина и Канада сочинуваат повеќе од една третина од вкупниот увоз.

Заладените односи меѓу Кина и САД, како и актуелната трговска војна, ја заостри надворешната трговија со оваа азиска земја.

Од друга страна, односите меѓу САД и Мексико обично се гледаат преку контроверзната имиграциска политика и проблемите со кои се соочуваат големите американски градови поради масовниот прилив на бегалци од Централна и Јужна Америка.

Сепак, се чини дека и покрај тензичната ситуација на границата, постојат силни економски причини за зачувување на односите.

Исто така, прекините во глобалниот синџир на снабдување, високите трошоци за транспорт до Кина и интензивирањето на конфликтите во светот ги принудуваат американските компании да размислат каде ги произведуваат своите производи и да се свртат кон соседството, пишува Днјуз.

Со оглед на сè понепредвидливата геополитичка ситуација, Мексико во моментов е попосакуван партнер од Кина, но односот на САД со таа азиска земја останува важен, особено за компаниите како Apple или Starbucks кои не само што доаѓаат од тој пазар, туку и ги продаваат своите производи.