Рубљата доминира; Белорусија потврди: 92 отсто

Белоруските и руските рубљи сочинуваа околу 92 отсто од трансакциите меѓу Русија и Белорусија во 2023 година, изјави белорускиот амбасадор во Москва, Дмитриј Крутој.

„Тоа е голема бројка. Никогаш не сме постигнале таков процент“, изјави Крутој за телевизијата ОНТ.

Според белорускиот дипломат, белорускиот извоз во Русија се зголемил за 8,5 милијарди руски рубљи (86,6 милиони евра) во претходните две години.

„Ова е одличен резултат“, рече Крутој, пренесе ТАСС.

Белорускиот премиер Роман Головчанко претходно изјави дека трговската размена меѓу Белорусија и Русија се зголемила за шест отсто во 2023 година и достигнала 53 милијарди руски рубљи (540 милиони евра).