Кинескo „Фиќo“ пристигнува во Европа: Ова ќе биде неговата цена

Автомобилскиот гигант Stellantis, кој поседува брендови како Opel, Fiat, Peugeot, Citroen и други, неодамна најави инвестиција од 1,5 милијарди евра за купување приближно 20% од кинескиот производител Leapmotor. Договорот, исто така, вклучува ексклузивни права за извоз и продажба, како и производство на Leapmotor производи надвор од Кина.

Партнерството има за цел дополнително да ја зголеми продажбата на Leapmotor во Кина, најголемиот пазар во светот, додека присуството на Stellantis значително ја забрзува продажбата во другите региони, почнувајќи од Европа. Stellantis има намера да ги искористи предностите на високо иновативниот, економичен екосистем за електрични возила на Leapmotor, а заедничкото вложување ќе ги види првите испораки на возила во втората половина на 2024 година.

Доаѓаат нови модели

Фокусиран на средниот и највисокиот пазар, како најголем и најбрзо растечки сегмент во Кина, Leapmotor испорача приближно 111.000 единици мали електрични возила во 2022 година.

Leapmotor ќе биде еден од првите кинески производители на автомобили што ќе започне со производство во Европа, а ќе се произведува во фабриката на партнерот Stellantis во Тичи, Полска, откри Ројтерс.

Сместена на југот на Полска, Тичи е позната фабрика на Фиат. Фабриката произведува неколку возила Stellantis, вклучувајќи бензински и хибридни верзии на Fiat 500, Fiat 600, Jeep Avenger и новата Alfa Romeo Milano, која ќе биде претставена следниот месец. Тоа е и местото каде што е произведен Fiat 126, односно популарната Peglica.

Производството на малиот електричен автомобил Т03 би можело да започне пред крајот на јуни, користејќи техника која вклучува претворање на делумно склопени комплети во готови возила.

Со автономија од 280 километри, T03 веќе се продава на некои европски пазари, вклучително и Франција, со цени почнувајќи од 20.000 евра.

Leapmotor откри за Reuters дека продажбата на вториот модел, теренецот C10, наскоро ќе започне во Германија, Франција, Италија и Шпанија, пишува Пословни дневник.

Трката меѓу Кинезите и Европејците

Кинеските производители на автомобили носат низа поевтини електрични модели во Европа, предизвикувајќи трка со европските производители на автомобили за развој на подостапни електрични возила.

Ова е една од причините за трговските тензии меѓу Кина и Европската унија, која истражува дали кинеските производители на електрични возила имаат корист од неправедните владини субвенции.

Кинеските производители исто така сакаат да градат монтажни погони во Европа. БИД најави дека ќе изгради фабрика во Унгарија, додека конкурентот Chery Auto ги проценува опциите за слични инвестиции во Италија и Шпанија.