Клоп: Нагелсман е одлично решение за репрезентацијата, јас сум посветен на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој беше поврзуван со селекторското место во германската фудбалска репрезентација, се произнесе околу назначувањето на Јулијан Нагелсман за нов предводник на „панцирите“.

Триесет и шестгодишниот Нагелсман постигна договор со Гермаскиот фудбалски сојуз да ја води репрезентацијата до крајот на Евро 2024 година.

  • Мислам дека Јулијан е одлична одлука бидејќи е одличен тренер. Би бил многу среќен доколку се се случи вака. Неговата возраст? Воопшто не е важно! Со 28 години веќе докажа дека е фантастичен тренер. Има осумгодишно искуство. За други, тоа се случува на 45 или 50 години. Ова воопшто не е критериум, истакна Клоп.

За тоа дека тој е именуван како еден од кандидатите за функцијата германскиот фудбалски стручњак вели дека неговите амбиции се повторување на успесите со „црвените“.

  • Во моментов го градиме новиот Ливерпул. Сакаме навистина повторно да ги нападнеме титулите. Посветен сум на Ливерпул. Моето срце е овде. Не можете туку така да ги пречкртате тие осум години. Овде потпишав договор и, колку што се сеќавам, не бев условуван со ништо. Тоа беше слободна одлука. И затоа не се вклопувам со работата на селектор на репрезентацијата.

Клоп е во Ливерпул од 2015 година. Претходно работеше во Борусија Дортмунд и во Мајнц.