Клучен момент: Научниците дошле до важни информации за човечкиот мозок

Научниците мапираа речиси 200 милијарди мозочни клетки, вклучувајќи повеќе од 86 милијарди неврони и уште 100 милијарди клетки од различни типови, соопшти Американскиот институт за здравје врз основа на студии на десетици истражувачки центри ширум светот.

„Иницијативата за мозок“ е започната во 2013 година со цел подобро да се разбере функционирањето на човечкиот мозок и да се дадат одговори на основните прашања, што нè прави луѓе и како да го олесниме развојот на нови терапии за борба против болести како Алцхајмеровата болест, пренесува АНСА.

Новото истражување покажува дека секој регион на мозокот се карактеризира со различни пропорции на клетки, кои имаат дури 3.000 видови.

„Ова е клучен момент за невронауката. Благодарение на најсовремените технологии, можеме детално да ја разбереме организацијата на клетките во човечкиот мозок“, рече Ед Лејн од Институтот Ален во САД, кој учествуваше во многу студии на Американскиот институт за здравје.