Си Џинпинг за првпат беше избран за претседател во 2013 година. Во 2018 беше направена уставна измена за укинување на ограничувањето на бројот на мандати на претседателот на Кина.
Си Џинпинг го доби третиот петгодишен мандат како претседател на Кина. Со тоа Џинпинг стана најмоќниот лидер во историјата на земјата и претседател со најдолг стаж во модерна Кина. Тој беше едногласно избран од речиси 3.000 пратеници во кинескиот Парламент.
Предводник и на партијата и на војската
Новиот мандат за Си Џинпинг значи дека тој ќе владее со државата и во осмата декада од животот. Освен претседател на Кина, Си Џинпинг исто така е претседател на Кинеската комунистичка партија и на војската, две значајни лидерски позиции во Кина. Џинпинг во октомври доби мандат уште пет години да биде предводник на Комунистичката партија и на војската.
Наскоро се очекува кинескиот Парламент да го назначи сојузникот на Џинпинг, Ли Чијанг за нов премиер.
Во 2013 го доби првиот мандат
Си Џинпинг за прв пат беше избран за кинески претседател во 2013 година. Во 2018 година е направена измена на кинескиот Устав со која се укина ограничениот мандат на позицијата претседател на Кина и му се овозможи на Си Џинпинг да владее со Кина и по 2023 година.
Визија, а не лично богатење
Личните мотиви според познавачите не биле причина за долгото опстојување на Си Џинпинг на политичката сцена. Според Адријан Гејгес, коавтор на книгата „Си Џинпинг: Најмоќниот човек на светот“, изјави дека не мисли дека Си бил мотивиран од желбата за лично збогатување.
„Тоа не е негов интерес. Тој навистина има визија за Кина, тој сака да ја види Кина како најмоќната земја во светот”, изјави Гејгес
Специфичен период
Третиот мандат на Си Џинпинг ќе биде специфичен бидејќи земјата се соочува со специфични предизвици. Односно втората по големина економија во светот има забавен раст, проблеми во секторот за недвижности и опаѓање на стапката на наталитет.
Односите со САД
Односите со Соединетите Американски Држави се исто така на ниско ниво, кое не е забележано во последните децении, од делот на човековите, трговијата па се до технологијата. Некои аналитичари сметаат дека тоа ќе биде причина за промена во однесувањето на Кина.
„Ќе видиме Кина понаметлива на глобалната сцена, инсистирајќи да се прифати нејзиниот наратив, да ја направи понезависна од остатокот на светот и во која Комунистичката партија, а не владата же биде центар на управувањето“, изјави Стив Цанг, директор на кинескиот институт СОАС.
TRT Balkan