Ковачевски во Вилнус: Ќе се разговара за важни теми за сајбер безбедноста

Премиерот Димитар Ковачевски при пристигнувањето на дводневниот самит на НАТО во Вилнус истакна дека на истиот состанок ќе се донесат важни заклучоци за акции во вода, земја и воздух. Тој ја истакна важноста на дискусиите што ќе се одржат денеска на тема сајбер одбрана.

„Понатаму, во однос на финансирањето на сите овие одбранбени потреби, тоа значи дека 2% од БДП ќе бидат минимум за финансирање на одбраната, од кои 20% ќе бидат за модернизација. Северна Македонија е земја која веќе инвестира 30 отсто од својот буџет во модернизација“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека позицијата на Северна Македонија во однос на Украина е веќе јасна и како 30-та земја членка на НАТО ја поддржува идејата за отворена врата за Киев.

Инаку, до овој момент најважна е одлуката што беше донесена вчера, за членство на Шведска во Алијансата.