Ковачевски: Дијалогот со синдикатите ќе продолжи, ќе има усогласување со минималната плата

Сите одлуки за платите се донесени преку дијалог со синдикатите, вклучително и Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат, но на сите состаноци учествуваа и други поголеми синдикати, меѓу кои и АОЈШК. Низ таков дијалог успеавме да обезбедиме минимална плата, двојно поголема од досегашната, и драго ми е што тоа го направивме како Влада. Ниту една влада не направила ваков чекор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, следната година минималната плата ќе биде 22.500 денари, на највисоко историско ниво.

Ковачевски нагласи дека во текот на оваа и следната година ќе се најде решение и ќе има усогласување на минималната плата, бидејќи тоа е законска обврска и ќе се случи следната година.

„Покачувањето на платите е договорено преку систематското решение и општиот колективен договор. Годинава имавме десет проценти зголемување на платите во јавниот сектор и доплата за К-15, што следната година ќе биде најмалку 30 проценти од просечната плата“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ИКТ. центар за складирање и заштита на податоци во Прилеп.

За дополнителните барања што ги имаат синдикатите, рече дека дијалогот ќе продолжи.

„Ќе се разговара, но мора да се има предвид дека тоа се буџетски средства и во тие дискусии учествува и министерот за финансии и дека тие дискусии и процеси ги следат и странските кредитори што ги има државата, но секако во рамките на рамката на како што велат државниот буџет. Буџетот е во собраниска процедура. Сепак, мислам дека на крајот повторно ќе се најде решение во текот на оваа и во текот на следната година, усогласување на платите со минималната плата, како што ќе биде нормално, бидејќи тоа е законска обврска и тоа ќе се случи во текот на следната година. “, нагласи тој. Ковачевски, кој при посетата на Центарот беше придружуван и од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.