Ковачевски за анестезиологот од Тетово: Станува збор за непрофисонално однесување, ја поддржувам одлуката за негово санкционирање

 Станува збор за неетичко и непрофесионално однесување на лекар и ја поддржувам одлуката на министерот за здравство за санкционирање на овој вработен. Вакво нешто не треба да се случува во која било област, а особено не во здравството, посочи денеска на прес-конференцијата премиерот Димитар Ковачевски, прашан за анестезиологот кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

Во однос на тоа дали ќе се воведе мерка за забрана за користење на оваа социјална мрежа, Ковачевски рече дека доколку претседател на Влада воведе забрана за користење на одредена социјална мрежа која се користи како медиум, тоа може да биде протолкувано на многу различни начини.

Премиерот Димитар Ковачевски најави целосно функционален едношалтерски систем преку кој на 335 пунктови на државно ниво ќе се добиваат услуги од администрацијата на една локација

Сепак, посочи, овде станува збор за комплетно неетичко и непрофесионално однесување на лекар.

-Овде станува збор за неетичко и непрофесионално однесување и апсолутно ја поздравувам и поддржувам одлуката на министерот за здравство за санкционирање на овој вработен, но и на МВР и Обвинителството, со оглед на тоа дека вакво нешто не треба да се случува во која било област, а особено не во здравството, рече Ковачевски.

Инаку, на анестезиолог од тетовско Одри, кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал, му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.