ОВА МОМЧЕ ИЗГЛЕДА НОРМАЛНО, НО КОГА ЌЕ ЈА СИМНЕ КАПАТА СИТЕ ГЛЕДААТ СО НАЈГОЛЕМ ШОК: ГИ ТРИЈАТ ОЧИТЕ И НЕ ВЕРУВААТ (ФОТО)

Кога малиот Лохлан Семплс имал осум месеци, на неговите родители Кејт и Кејлеб им било многу јасно дека тој не е обично момче… И сето тоа поради неговата крајно необична фризура! Имено, ова мало момче имало коса која постојано изгледала како да е под влијание на силен ветер.

Кејт за медиумите изјави дека ја сака непослушната, „дива“ коса на нејзиниот син, но знаела дека тоа не е вообичаено. Во тоа се уверила со случајна порака од жена која на Инстаграм ја прашала дали нејзиниот син има UHS синдром, односно синдром на „нечеткана“ коса.

Оваа порака ја заинтригира Кејт, која потоа ја однела кај педијатар, каде набрзо било утврдено дека момчето навистина го има ова ретко генетско нарушување кое се карактеризира со исклучително лесна, мека коса која секогаш изгледа „наелектризирана“. Состојбата е толку ретка што Локлан е всушност само еден од 100-те познати случаи ширум светот.

„Нема други здравствени проблеми или тегоби. Ослободени сме. Мислевме дека ако нашето дете мора да има ретко генетско нарушување, нека биде само „лудата коса“, велат од Семплс.

Кејт објаснила и дека синот го чешла само повремено, и дека нема некој посебен начин на одржување на неговата коса: „Не се ни сеќавам кога последен пат сум му ја измила косата. Не се валка, ниту мрси, мека е и може да биде кршлива“.

„Моето бебе го споредуваат со Ајнштајн“

Кејт рекла и дека речиси без исклучок луѓето реагираат на косата на Локлан, а коментарите се секогаш позитивни.

“Тој ги прави луѓето среќни. Ја сакаат неговата коса, љубопитни се, сакаат да ја допрат. Тоа е секогаш прашањето број еден што го добивам”, вели оваа мајка.

Таа додала дека својот син го нарекува „глуварче“, но и Локлан го споредуваат со некои интересни луѓе.

„Често го споредуваат со Доналд Трамп или Борис Џонсон. Велат и дека наликува на Ајнштајн, а го нарекуваат и „бебето на Били Ајдол“, вели Кејт.