Пристигна првата реакција на Русија за испораката на Ф-16, сериозно заканувачки

Русија ја осуди одлуката на Данска и Холандија да донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот.

-Фактот што Данска сега одлучи да донира 19 авиони Ф-16 на Украина води кон ескалација на конфликтот. Криејќи се зад премисата дека Украина самата мора да ги одреди условите за мир, Данска сака со своите постапки и зборови да постигне дека Украина нема друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија, изјави рускиот амбасадор Владимир Барбин, пренесоа данските медиуми. 

Данска и Холандија вчера објавија дека ќе и дадат на Украина авиони Ф-16. Првите шест авиони ќе бидат испорачани околу Нова година.

Данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен изјави дека Украина ќе може да ги користи донираните авиони Ф-16 само на своја територија.