Ковачевски: Не треба да имаме пречки и кочници кон членството на државата во ЕУ

На прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Македонија, како членка на НАТО, продолжува да инвестира во зајакнувањето на своите капацитети за одржување и зајакнување на статусот на неа како доверлив сојузник во Алијанса.

„Како најмлади членки се обврзавме и постигнавме воена интеграција на секоја претходна земја-членка што влезе во Алијансата“, нагласи Ковачевски.

Според него, стабилноста на регионот е исклучително и суштински важна, повеќе од кога било досега.

„Затоа, наш приоритет се евроинтеграциите. Пред се во Македонија, но и во регионот. На тој пат не се осмелуваме да имаме пречки и кочници и ќе направиме се да го одведеме до крај, до нашето членство во ЕУ во 2030 година“, рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО во Владата.