Моментот на пресметката на Меси со Родирго, Аргентинецот го плесна Бразилецот

Во Рио де Жанеиро беа забележани огромни тензии и тепачки, во кои беа вмешани навивачи, полицајци и играчи на еден од најнезаборавните натпревари меѓу Бразил и Аргентина, секако не за фудбал.

Лионел Меси и Родриго Гоес имаа судир на теренот по инцидентите на трибините со навивачите како протагонисти.

Се започна кога капитенот и предводник на Албиселесте реши да ги испрати своите соиграчи од теренот, не знаејќи дали натпреварот ќе се игра или не.

Според медиумот Оле , некои бразилски фудбалери почнале да се расправаат барајќи да започне натпреварот.

Тогаш Меси застана цврсто и на крајот се расправаше со Родриго.

Фудбалерот на Реал Мадрид кажа нешто што не му се допадна на Лео, кој на крајот го фати Бразилецот за врат и викаше.

Аргентинецот го потсети и дека „Ние сме светски шампиони“.