Ковачевски: Со Таравари ќе разговараме за политичките и програмските определби за идна можна соработка, СДСМ денеска ќе одржи седница на ИК
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.
На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.
Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.