Ковачевски – Столтенберг: Обединети и силни заедно во НАТО, Северна Македонија е фактор на стабилност

 – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, попладнево телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за повеќе актуелни прашања од важност за регионот и во геополитички контекст. 

Како што соопштија од владината прес-служба, било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина. 

Притоа е поздравена ефективната поставеност на Република Северна Македонија на линија на поставеноста на НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.

– Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста. За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на престојниот јулски Самит на НАТО во Вилнус, Литванија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.